„Буран“ на космодромот Бајконур
Виталиј РаскаловНа еден од најпопуларните во Русија веб-сајтови за купопродажба „Авито“ се појави оглас за продажба на „Тушинската фабрика за машиноградба“ каде настана познатиот товарен вселенски брод „Буран“.
Огласот е објавен на 6 август. Руските медиуми пренесуваат дека фабриката банкротирала и се продава за 8280 милијарди рубли, односно околу 112 милиони евра.
Се продава буквално сѐ што е во сопственост на фабриката, па дури и сопствената железничка линија.
„Тушинската фабрика за машиноградба“ е основана 1932 година и беше едно од најголемите претпријатија на авиовселенската индустрија на СССР. Најголемиот и најскап советски проект поврзан со истражувањето на вселената „Буран“ е затворен 1993 година.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче