Советскиот вселенски брод за повеќе употреби „Буран“ беше пред своето време, и по повеќето показатели ја надминуваше и американската програма, се кажува во аналитичкиот извештај на експертите на Серускиот научно-истражувачки институт за авијациски материјали, подготвен по повод 25-годишниот јубилеј од неговото прво лансирање.
„Нашиот ’Буран’ можеше да се наоѓа во орбита двојно повеќе време од американските ’шатли’: 30 дена! Можеше да зема 30 тони товар (шатлот – 24) и 10 членови на екипажот (7 кај шатлите). Подготовката за лансирање одзема само 15 дена, наспроти 30-те кај шатлите во Канаверал. Но најважното беше тоа што ’Буранот’ можеше да лета без екипаж, да функционира во автоматски режим, што и беше потврдено на 15 ноември 1988 година“, се забележува во извештајот.
Рускииот „Буран“ бил планиран за 100 летови, забрзувачот – за 20, основните мотори – за 66 летови. За време на првиот лет, од 38.800 заштитни термоплочки, изгубени биле само 8. За споредба, после првиот лет на „шатлот“, од 24.192 плочки – изгубени биле повеќе од 100 елементи.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче