Норвешкото Министерство за одбрана официјално ја обвини Русија дека со електронски средства го попречувала системот за глобално сателитско позиционирање GPS за време на големата воена вежба на НАТО „Trident Juncture 18“ која се одржуваше во источниот дел на Норвешка, Северното и Балтичкото море. Според тие обвинуваа, Русите притоа генерирале специјални пречки за да го отежнат одржувањето на оваа вежба, пренесува ТВ-каналот „Ѕвезда“.
Како што соопштува информативниот портал „Асошиејтед Прес“, Норвежаните како главен аргумент за ова обвинување го регистрирале местото од каде „Русите генерираа пречки“. Според тие наоди, руските средства електронско попречување се наоѓале на Колскиот полуостров на Арктикот.
Норвежаните не даваат дополнителни аргументи за какви пречки се работи и која била нивната конкретна цел. Ниеден релевантен доказ не е доставен за да се поткрепат нивните обвинувања. Овие „руски пречки“ не предизвикаа никакви инциденти, истакнуваат од норвешкото Министерство за одбрана.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче