Сирија: Британски извидувачи ги бараат локациите на ракетните ПВО-системи С-300 ПМУ-2

Слободан Ѓукиќ
Регистрирана е зголемена активност на извидувачките авиони на британското Воено воздухопловство во воздушниот простор на Јордан и Израел, како и над меѓународните територијални води на Средоземното море. Целта на целата операција е детекција на позициите на кои се наоѓаат новите далекуметни ракетни системи С-300 ПМУ-2 кои Русија ѝ ги испорача на сириската армија.

Два британски извидувачки авиони изведоа прелет во близина на сириската територија, каде што се претпоставува дека се поставени  руските ракетни ПВО-системи со голем дострел С-300 ПМУ-2, пренесуваат западните воздухопловни интернет ресурси.

Според нивните податоци, во воздушниот простор на Јордан и Израел (јужно од Сирија) е регистрирана активност два извидувачки авиони на британското Воено воздухопловство. Поточно, авион за радиоелектронско извидување кој долетал од воздушниот простор на Ирак вршел мисија на потрага по неодамна испорачаните ракетни системи ПВО С-300 ПМУ-2 кои Русија ѝ ги испорача на Сирија по соборувањето на рускиот извидувачки авион Ил-20. Овие авиони имаат способност со својата чувствителна сензорика да ја откријат точната позиција и режимот на работа на ПВО-системите на потенцијалниот непријател.

Истовремено, во непосредна близина на јужните сириски граници е забележан уште еден британски извидувач кој исто како и својот колега дошол од правецот на Ирак и поминал низ воздушниот простор на Јордан и Израел.

Дека целата операција на потрага по руските системи С-300 ПМУ-2 била организирана, сведочи и активноста на британскиот стратешки извидувачки авион¹ кој најмалку три часа летал во близина на сириските територијални води каде извидувал евентуална ПВО-активност на западот на Сирија. Овој авион полетал од воздухопловната база која се наоѓа на Крит.

Истиот ден е регистрирана и активност на британски авион за радарско набљудување и управување („летечки радар“) кој од меѓународните територијални води на Средоземното море ја набљудувал динамиката на руската и сириската војска околу воздухопловната база „Хмејмим“ и поморската база „Тартус“.

¹ Неговите способности се такви што со својата софистицирана опрема може да зафаќа простор со длабочина од неколку стотици километри, така што воопшто не му е потребно да влегува во „непријателскиот“ воздушен простор, туку тоа може да го прави од меѓународните територијални води.

Прочитајте повеќе: Во Сирија извршена конверзија на ракетните системи ПВО С-300 ПМ-2 во извозната варијанта С-300 ПМУ-2

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња