Руските физичари научија да ги предвидуваат земјотресите според „шепотот на Земјата“

Земјотресот во Л’Аквила 2009 година.

Земјотресот во Л’Аквила 2009 година.

Global Look Press
Руските физичари утврдија дека катаклизмите можат да се предвидат кратко време пред да се случат според „шепотот на Земјата“, сеизмички „шум“ кој се јавува во близина на раседите меѓу тектонските плочи.

Земјотресите најчесто се случуваат на местата на раседите меѓу тектонските плочи. Кога нивното движење ќе престане, во точката на допирот се собира енергија која се ослободува во вид на топлина и силни акустични бранови во моментот кога карпите не можат да го издржат притисокот и се кршат.

„Утврдивме дека преминувањето на раседот во состојба на „готовност“ за сеизмички потрес може да се открие ако се анализира спектарот на позадинскиот шум“, изјави Алексеј Остапчук, соработник на Московскио физичко-технички институт и Институтот за динамика на геосферите на Руската академија на науки во Москва.

Руските физичари дошле до тој заклучок кога експериментирале со минијатурен лабораториски примерок на два слоја карпи: две парчиња гранит со нерамна површина, при што улогата на извор на „шепотот на Земјата“ ја играл обичен звучник кој предизвикувал нивно затреперување. Методите и резултатите се опишани во магазинот Scientific Reports.

Се покажало дека спектарот на шум значително се менува ако во раседот започнат некои процеси кои го доведуваат во критична состојба, при што какво било делување однадвор може да иницира катастрофално поместување.

Научниците се надеваат дека во иднина преку набљудување на ваквите отстапувања ќе можат да предвидат земјотрес во фаза на подготовка, како и неговата сила и времето кога ќе се случи.

Прочитајте повеќе за земјотресите во Русија

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња