10 правила за спас при земјотрес

PhotoXpress
Во Русија постојат неколку региони каде постои сеизмичка опасност. Најмногу ова се однесува на Камчатка, каде правилата на однесување за време на земјотрес се задолжителен дел од животот. „Руска реч на македонски“ состави список од 10 правила кон кои луѓето треба да се придржуваат, со цел навремено да се спасат од природна катаклизма и да се чувствуваат побезбедно.

1. Доколку природната несреќа ве најде дома, тогаш скријте се покрај некој крупен предмет, кој може да биде потпора за паднат таван, добро за ова е комода или висок креденец или, пак, нешто слично. Најважно е да не се криете под маса или под кревет, зашто таму сигурно ќе бидете згмечени.

2. Кога избирате место, обидете се да сте надвор од зоната каде можат да се разлетаат парчиња стакло или огледало, и да сте подалеку од надворешните ѕидови.

3. На местото кадешто сте се скриле лежете во поза на ембрион, на тој начин ќе заземете помалку место и нозете и рацете нема да бидат притиснати.

4. Руските спасувачи препорачуваат да се застане во празнините на носечките ѕидови. Странските специјалисти за безбедност, пак, категорично го забрануваат тоа. Тука постои една локална особеност – советските градежници ги граделе куќите врз база на носечките ѕидови и при земјотрес тие ретко се уривале. Сепак, доколку не ја познавате конструкцијата на вашиот дом, подобро да не експериментирате.

5. Избегнувајте ги скалите и скалишните простори. Скалите први се уриваат и паѓаат по затворена траекторија, уривајќи ги сите премини и сè што има на нив.

6. Доколку сте излезени на улица, обидете се да бидете на отворено, но проверете над вас да не има високоволтни кабли.

7. Доколку се случи земјотрес додека патувате, веднаш излезете од транспортното средство. Врз него може да падне столб или дрво, а вие ќе бидете блокирани. Најдобро е да сте покрај автомобилот на метар и пол: доколку на колата падне дрво, тешко дека ќе го смачка до подот.

8. Правилата за однесување сфатете ги сериозно. Ова не е лажна тревога. На ова обично тешко се навикнуваат луѓе кои се преселиле во сеизмички региони и не можат во целост да ја сфатат опасноста од природна катаклизма.

9. На почетокот парите и документите чувајте ги во кеса во близина на влезната врата. Можеби ова е привлечно за крадците, но не мора во секое време да имате со себе многу пари, а електронското плаќање извесно време може да не работи, со оглед на тоа што банкарскиот систем ќе биде исклучен од струја.

10. Обрнете внимание на однесувањето на животните. Сите животни чувствуваат надоаѓање на стихија и се обидуваат да избегаат од дома.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња