Сибирски научници ќе прават на Арктикот паметни фрижидери

Global Look Press
Научници од Тјумењскиот државен универзитет работат на создавање иновативни разладни системи на Арктикот кои ќе користат комбинација од природно и вештачко ладење на индустриски објекти.

 „Во регионите со долги зими и постојан мраз типичните складишта кои би се ладеле со подземното студенило, или разладни уреди со паметни системи за управување кои овозможуваат рационално да се комбинираат природниот и вештачкиот начин на ладење во зависност од сезоната и климатските услови би можеле да бидат економски исклучително ефикасни. Во домашната наука не се спроведени истражувања на искуството од користење на природното студенило во традиционалните форми на живот и стопанската дејност на различни народи на светот. Една од насоките на истражувањето почнато на Тјумењскиот државен универзитет има амбиција да ја пополни таа празнина“, изјави научниот соработник на Меѓународниот институтот за криософија и криологија при ТДУ Роман Фјодоров.

Во светот расте интересот за користење на природни криогени ресурси во својство на индустриски уреди за ладење. „Тоа е затоа што скапата електрична енергија неопходна за функционирање на разладната опрема претставува клучен фактор што ја зголемува цената на производството на храна. Очигледни се и еколошките проблеми поврзани со примената на фреонските ладилници, па затоа проучувањето на народното искуство повторно добива на актуелност“, истакнува стручњакот.

Токму тоа искуство може да се искористи во иновативни пристапи. „Современите постигнувања поврзани со појавата на нови градежни материјали со до неодамна непознати високи термоизолациони својства овозможуваат да се создадат иновативни разладни системи кои можат непречено да функционираат и со полнење со мраз само неколку пати годишно“, вели Фјодоров.

Прочитајте повеќе: Руски научници тестираат уникатен систем за комуникација под мраз за арктички услови

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња