Сериското производство на интерконтиненталните балистички ракети „Сармат“ ќе почне во 2021 година, изјави извор од воено-индустрискиот комплекс.
„Крајниот рок за летечко-конструкциските испитување на „Сармат“ и неговото усвојување е 2021. Во тоа време би требало да почне и сериското производство на системот, а првиот ракетен полк составен од команден пункт и два шахтно-базирани лансери би требало да стапи на борбено дежурство“, рече изворот на ТАСС.
На почетокот на октомври Министерството за одбрана на Русија соопшти дека веќе се изведени две лансирања на најновата интерконтинентална балистичка ракета „Сармат“. Исто така беше обелоденето дека првите тестирања на летот на „Сармат“ се закажани за почетокот на 2019 година.
Во август беше соопштено дека стратешките ракетни сили почнале обука на стручњаци за користење на најновите ракетни системи „Сармат“ и „Авангард“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче