Првите пробни летови на новата руската интерконтинентална балистичка ракета „Сармат“ се планирани за почетокот на 2019 година.
Ова го соопштуваат медиумите, повикувајќи се на извор во воено-индустрискиот комплекс. Претходно се извршени балистички тестови на кои се забележани позитивни резултати. Со тоа е овозможен почеток на подготовките за тестирање на летечките карактеристики. Во меѓувреме ќе бидат извршени копнени испитувања на ракетата.
РС-28 „Сармат“ е перспективен руски стратешки ракетен комплекс од петта генерација кој се сместува во ракетни силоси, користи течно гориво и има улога на интерконтинентална балистичка ракета. Во развој е од 2000 година. Како што соопшти рускиот претседател Владимир Путин во текот на обраќањето во „Директна линија“, „Сармат“ ќе влезе во состав на вооружувањето на руската војска во текот на 2020 година.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче