Министерството за одбрана на Русија ги потврди лансирањата на најновите ракети „Сармат“

TASS
Руските Космички сили денеска го одбележуваат својот празник.

Од декември 2017 година руските Космички сили изведоа две лансирања на најновата интерконтинентална балистичка ракета „Сармат“, како и едно лансирање на „Јарс“, потврди Министерството за одбрана на Руската Федерација.

Лансирните тестирања на „Сармат“ се изведени во декември минатата година и во март 2018.

Покрај тоа, од Плесецк се лансирани и „Сојуз-2.1б“, „Сојуз-2.1в“ и ракета-носач „Рокот“.

Во соопштението на министерството исто така се наведува дека од Плесецк и Бајконур се изведени 14 лансирања.

„Оваа година дежурните единици на копнениот автоматизиран контролен комплекс на Космичките сили извршија преку 500000 контролни сесии на вселенските летала од составот руската орбитална групација. Просечната дневна цифра беше преку 1600 сесии“, додава Министерството за одбрана на Русија.

Денеска руските Космички сили го одбележуваат својот професионален празник. На денешен ден 1957 година почна космичката ера кога СССР од космодромот Бајконур успешно го лансираше првиот вештачки сателит во Земјината орбита.

Новата интерконтинентална балистичка ракета „Сармат“ (РС-28) ќе ја замени најтешката стратешка ракета на светот „Војвода“ (според  НАТО класификацијата „Сатана“, РС-20В). Развојните работи над проектот „Сармат“ почнаа 2011 година. Ракетата би требало да влезе во оперативна употреба во текот на 2020 година.

Погледнете го видеото: Сè за интерконтиненталната балистичка ракета „Сармат“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња