Тор-М2ДТ
Слободан ЃукиќПрвиот дивизион противвоздушни ракетни системи „Тор-М2ДТ“ за Арктичките сили ќе влезе во ПВО-единиците на Северната флота следниот месец, изјави началникот на ПВО на руската армија генерал Александар Леонов.
„Првиот дивизион арктички противвоздушни ракетни системи „Тор-М2ДТ“ ќе ги засили единиците на противвоздушната одбрана во третата декада на ноември оваа година“, истакна генералот.
Според него, во склад со државната програма за опремување на армијата претпријатието кое ги склопи овие системи ќе изврши предавање на „арктичките Торови“ на комбинираната група на Северната флота на подрачјето на 726 Школски центар на силите за ПВО во градот Ејск во Краснодарскиот регион. „По церемонијата на примопредавање на овие системи на единиците на ракетниот дивизион ќе започне процесот на дообука, каде ќе увежбаат елементите на тактичко-специјалната обука за екипажите на овие системи, вклучувајќи и боево гаѓање“, истакнува генерал Леонов.
„Тор-М2ДТ“ претставува ракетен систем со краток дострел специјално проектиран за суровите временски услови какви што се на северот. Се одликува со голема подвижност бидејќи е интегриран на гасеничната платформа ДТ-30 која е специјално направена за непроодните терени на северот на Русија. Во борбените спремници има 16 многу агилни ракети 9М338К со ефективен дострел од 16 км во далечина и 10 км во височина. Системот за откривање на воздушни цели и управување со огнот (радар и оптоелектронски уред) може истовремено да нападне до четири различни цели. Екипажот се состои од три члена.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче