Во моментов се во тек тестирања на новата вакцина во Централниот научноистражувачки институт за епидемиологија на Федералната инспекција во сферата на заштита на правата на потрошувачите и доброто на човекот (Роспотребнадзор). Ако препарат успешно ги помине сите фази на испитувањето, оние на кои им е потребен ќе можат да го добијат веќе за четири години.
Новиот препарат ќе овозможи значително да се унапреди квалитетот на животот на носителот на инфекцијата. Меѓу другото, болните ќе добијат можност поквалитетно да се придржуваат до режимот на лекување и да не мораат секојдневно да примаат лекови. Имено, користењето на новиот препарат подразбира негово земање само еднаш месечно. Освен тоа, тој ќе го намали погубниот ефект од големата количина лекови кои денес ги примаат луѓето инфицирани со сида. Ова го објави рускиот весник „Известија”.
Како што е познато, основата на препаратот ја сочинуваат наносуспензии кои, кога ќе доспеат во организмот, се трошат многу бавно. Благодарение на тоа, меѓу другото, примената на препаратот ќе го направи лекувањето поефикасно и поекономично.
Претходно научниците во Русија успеаја да произведат ембриони кои се отпорни на вирусот ХИВ. Научниците од Медицинскиот универзитет „Пригоров” и од Истражувачкиот центар „Кулаков” успешно внесоа промени во гените уште во фаза на ембрион. Резултатите беа импресивни: 62% ембриони станаа отпорни на ова заболување.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче