Руски биолог се сомнева во теоријата на Хокинг за скоро појавување на „суперчовек”

Dennis Van Tine/ZUMAPRESS.com/Global Look Press

Изјавите на Стивен Хокинг за развојот на генетскиот инженеринг  за можното појавување на „супелуѓе“ се  утопија, смета докторот на биолошки науки Ирина Ермакова. Таа ги коментираше стравувањата на британскиот теориски физичар дека до крајот на овој век ќе биде создаден „нов вид суперлуѓе“ кои ќе можат да го уништат остатокот на човештвото.

„Сето тоа звучи по малку утописки, затоа што Хокинг не беше биолог и не сфаќаше во целост што е тоа жив организам. Дури и кога зборуваме за генетски инженеринг, кој денеска мошне интензивно се користи, засега дури не е можно ни да се создаде нормален генетски модифициран организам. Односно, се прават култури кои имаат некакви својства, на пример, голем принос, отпорност на хемиски средства или на суша, но тие притоа се или токсични или доведуваат до сериозни промени во организмите на оние кои ги консумираат. Исто така се неуспешни експериментите со коригирање на гените. Тоа значи дека внесувањето измени во геном не е толку едноставна работа како што се чини“, објасни Ермакова во емисијата „Денес наутро“ на телевизискиот канал „Ѕвезда”.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња