scientist investigating microbiological substance in microscope
ShutterStock/Legion-MediaМетодот се базира на детекција на муоните - елементарните честички кои се создаваат поради судирот на космичките зраци со земјината атмосфера.
Доаѓајќи до густите слоеви на атмосферата (почнувајќи од 40 км и подолу), протоните се судираат со молекулите кои ја сочинуваат нашата атмосфера. При судирот се раѓаат различни честички, од кои некои брзо се претвораат во муони. Тие исто така „умираат“, успевајќи, меѓутоа, за време на нивниот живот да ја поминат целата атмосфера на Земјата (до секој квадратен метар на површината на Земјата секоја минута долетуваат до 10 илјади муони), па дури и да навлезат 8,5 километри под вода или 2 километри во внатрешноста на земјата. Колку е погуст материјалот, толку побрзо тоа слабее протокот на муони. Значи, ако се стави меѓу „вселената“ и детекторот цврст објект, тогаш на детекторот ќе се појави по некое време силуета на тој објект. Ако во објектот има некоја шуплина, тие исто така ќе се види, затоа што муоните поминуваат низ нив. Три детектори кои се наоѓаат на различни страни на објектот, обично се доволни за да се направи тридимензионални мапа.
Научници од руските истражувачки институти - НИТУ „МИСиС“, ФИАН и НИИЈАФ МГУ под раководство на водечкиот експерт на НИТУ „МИСиС“, доктор Наталија Полухина разработија за муонска радиографија детектори за следење кои овозможуваат не само да се видат муоните кои паѓаат на нив, туку и да ја дефинираат со висока точност насоката на нивното движење. „Според детекторите, може да се состави тридимензионална слика на најразлични објекти, почнувајќи од размер од еден метар на дупките во почвата, густината на распределба на карпите и завршувајќи со карта на пештерите на планините“, изјави ректорот на НИТУ „МИСиС“ Алевтина Черникова.
Новата технологија има и други сфери на примена – може да ја оцени состојбата на вулканите или глечерите во планините, може да најде нов природено подземен резервоар за природен гас, да открива во планините пожари кои почнуваат да се појавуваат по ископување на јаглен пред наоѓалиштето да изгори целосно, да предвиди ерупција на вулкан, пренесува РИА „Новости“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче