Овој трактор е копија на американскиот трактор Fordson-F. Стана своевиден симбол на крупните реформи на советското земјоделство во текот на 1920-те и 1930-те, познати под називот „колективизација“. Често е прикажуван на плакати и поштенски марки, како и во филмови
Тракторот С-65 дојде до израз и во мирнодопски услови, и за време на Втората светска војна. Советската армија доста го користеше за транспорт на артилериски орудија, додека Германците го доживуваа како воен трофеј.
Овој трактор имаше вкупно 2,7 милиони делови и најчесто беше произведуван во Советскиот Сојуз. Беше евтин и поради тоа особено популарен.
Т-16 имаше необичен облик – приколката му беше пред кабината. Често се користеше како товарно возило, иако имаше мошне слаб мотор.
5. K-700 „Кировец“
Од 1960-те моделот К-700 „Кировец“ спаѓа меѓу најпопуларните руски трактори. Нему не му пречи ни длабок снег, ни голема кал.
6. T-150K
Ова се многу сигурни трактори. Еден таков модел се користи на рускиот носач на авиони „Адмирал Кузнецов“. Во него е вграден мотор од авион МиГ-15. Тој создава многу силна воздушна струја која може да издува сѐ што не е добро прицврстено и на тој начин совршено да ја исчисти палубата.
Ова е најголемиот трактор со гасеници произведен во Европа. И покрај препознатливиот изглед, Т-800 не го добил името според познатиот филмски херој. Направен е 1983, година дена пред премиерно да биде прикажан филмот „Терминатор“.
Овие најмодерни трактори со „Мерцедес“ мотор претставуваат крупен чекор во развојот на руската индустрија на трактори.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче