Хиперсонични ракети
Ова ново оружје во следните десет години ќе стане непобедливе за системите за ПВО од едноставна причина што ваквите ракети ќе летаат со брзина од 2.5 километри во секунда (осум пати побрзо од брзината на звукот).
Првите оружја од овој вид кои се тестирани се противбродските ракети „Циркон“ за чиј успех извести Министерството за одбрана кон средината на 2017 година. Но, војската одби да објави какви било фотографии или снимки од лансирањето, повикувајќи се на „воена тајна“,
Моментално познато е само дека првата генерација на ракетата „Циркон“ може да погоди мета на оддалеченост од 500 километри. Истовремено конструкторите имаат пред себе амбициозна задача да направат ракетите од овој систем да постигнуваат брзина од 3.5 километри во секунда.
Исто така не е познато нити кои бродови ќе добијат ракети од новата генерација. Домашните експерти наведуваат дека, пред сѐ, руските тешки нуклеарни ракетни крстосувачи ќе бидат зајакнати со ново вооружување. На пример, водечкиот брод на Северната флота „Петар Велики“.
Важно е да се истакне дека хиперсоничните ракети сѐ уште не се во оперативна употреба каде и да се во светот. Доколку руската војска оваа година ги потврди цифрите забележани на тестирањата, „Циркон“ ќе стане првото оружје кое е апсолутно несовладливо за постоечките системи за ПВО.
Истовремено, појавата на хиперосничните мотори за ракети од корен ќе го променат изгледот на стратешките ракетни сили (РВСН).
Новата нуклеарна ракета „Сармат“
Во овој момент ракетарите чекаат во арсеналот да им пристигне новата интерконтинентална балистичка ракета „Сармат“ која ќе го замени 25 години стариот претходник под ознаката РС-20В „Воевода“ (познат по класификацијата на нато како SS-18 Mod. 3 „Satan“).
Ракетитие од класата „Сармат“ имаат маса од неверојатни сто тони. Пред неколку децении оружјето со вакви димензии беше со слаби маневарски способности и во целост беа тромави, но сега хиперсоничната технологија го претвора „дебелкото“ во тркач.
„Сармат“ лета до метата со хиперсонична брзина (над 5 маха, односно 6.120 километри на час), при што за време на летот ја менува траекторијата на начин кој ги спречува противракетните системи да го пресретнат.
За истото време за кое неговиот претходник минуваше растојание од 11 илјади километри, „Сармат“ ќе може да покрие дистанца од 17 илјади. Оттука оваа ракета хипотетички би можела да прелета до својата мета и преку Јужното поле од каде никој не ја очекува.
„Сармат“ е предвиден да биде средство за одвраќање на агресија. За таа цел новата ракета, за разлика од својот претходник, кој има 10 нуклерани боеви глави, ќе има најмалку 15 боеви глави со индивидуално наведување.
Едноставно кажано, во еден „Сармат“ се наоѓаат 15 нуклеарни бомби со сила од 150-300 килотони поединечно, и секоја самостојно оди до својата мета по доаѓањето во предвидениот реон.