Космонаути.
ZUMA Press/Global Look PressЗемјите и претходно склучуваа договори за соработка во вселената, но првпат договорот ќе важи пет години, соопштува CGTN.
CGTN смета дека и за Русија и за Кина овој договор ќе биде во полза на двете земји. Се претпоставува дека ќе се однесува на соработка во пет сфери: во освојување на Месечината и далечната вселена, разработка на специјални материјали, соработка во сферата на сателитските системи, во далечинско сондирање на Земјата и во барање на остатоци од вселенски летала. Договорот треба да помогне за повторно слетување на човекот на Месечината.
Се очекува документот да биде потпишан во октомври.
Претходно шефот на руската држава Владимир Путин изјави дека Русија и Кина ќе ја зголемуваат соработката во вселенската сфера, пишува „Взгљад“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче