Видео: Претседателот Путин стрелаше од новата снајперска пушка СВЧ-308

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Претседателот лично ја тестираше новата снајперска пушка, пукајќи во мети оддалечени 600 метри.

За време на денешната посета на воениот парк „Патриот“ кој се наоѓа во Кубинка (Подмосковје) претседателот на Руската Федерација освен што ја разгледуваше галеријата на снајперско оружје кое го произведува концернот „Калашников“ се проба и како снајперист. Имено, тој од новата снајперска пушка СВЧ-308 испука мет куршуми на оддалеченост од 600 метри.

СВЧ-308 – пушка за сите временски пригоди

Потсетуваме дека руското Министерство за одбрана и Росгвардија се заинтересирани за набавка на новите снајперски пушки на конструкторот Чукавин (СВЧ). Станува збор за полуавтоматска пушка која се произведува во три калибри: 7,62x54мм, 7,62x51мм и .338 Lapua Magnum. Засега е познато дека во дизајнерска, но и во функционална смисла оваа пушка ќе се разликува од традиционалната шема која е карактеристична за советските/руските снајперски пушки. Нејзиниот нов дизајн и функционалност ќе ја поедностават монтажата на различни видови нишани, особено на ноќни термовизиски оптички уреди, а исто така и ќе биде намален габаритот и ќе се поедностави постапката на чистење и одржување. Благодарение на големиот интерес на странските партнери за новата снајперска пушка СВЧ речиси е извесен и нејзиниот висок извозен потенцијал.