Новиот руски производител на автомобили започна рекламна кампања за својот сериски седан Aurus Senat.
Како што објави порталот 32cars.ru, новиот седан од класата „делукс“Aurus Senat е уникатен по својата конструкција и во себе поврзува одлични карактеристики, удобност, безбедност и високо ниво на заштита на патниците и на пешаците. Екстериерот на моделот можеме да го споредиме со автомобилите Ролс-Ројс и со Бентли.
Новиот модел е официјално претставен на Московскиот меѓународен саем за автомобили кој се одржа кон крајот на август 2018 година. Aurus Senat е еден од автомоболите од линијата Aurus кои ги проектираа стручњаците на државното претпријатие „НАМИ“. Овие возила се пред сѐ наменети за највисоките државници. Колекцијата е составена и од лимузината Senat Limousine, миниванот Arsenal и теренското возило Komendant. Освен тоа, мошне скоро ќе биде претставен и мотоцикл.