Според РИА Новости, пронајдени се и фрагменти од лични предмети на екипажот на авионот, како и делови од нивните тела.
„Посмртните останки на екипажот и нивните лични предмети, како и остатоците од авионот веќе се преземени од страна на руски бродови “, се наведува во соопштението на министерството за одбрана.
Порано утрово беше објавено дека израелски пилоти, намерно криејќи се зад радарскиот отпечаток на рускиот авион, навлекле оган од страна на сириската ПВО на него. Резултат е смртта на 15 припадници на руските вооружени сили.
Министерството за одбрана на Русија соопшти дека го задржува правото на адекватен одговор на израелските дејства.