Норвежаните се вознемирија од фотографиите на новите објекти во базата на руската Северна флота

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
На сателитските снимки направени за време летово се гледаат ново силоси за ракети во Гаџиево, главната подморничка база на Северната флота.

За три години на Кољскиот полуостров подигнат е цел комплекс заштитени магацини со јак систем за обезбедување, јавува норвешкото издание „Barents Observer“. Споредувајќи ги скорешните сателитски фотографии од Гугл-рт со оние направени пред две или три години, новинарите изброија 60 нови ракетби арсенали: 50 во заливот Окољнаја кај главната ракетно-техничка база на Северната флота и 10 во Гаџиево. Некои од овие објекти се во фаза на изградба, а поголемиот дел изгледаат готово. Бункерите покриваат територија од околу илјада квадратни метри, а направени се од дебел армиран бетон, вкопани се во земја и се на оддалеченост од по сто метри.

Норвежаните особено внимание насочија на четири бункери од по 80 метри кај техничкото плато број 4 во заливот Окољнаја. Според публикацијата, овие бункери се за балистичките ракети Булава со кои се опремени стратешките нуклеарни подморници од класата „Бореј“. Во секој бункер има по 16 ракети – муниција за една подморница. Ракетите „Булава“ се опремени со голем број термонуклеарни боеви глави со индивидуално наведување и со разорен капацитет од по 150 килотони по глава.

Министерството за одбрана на Русија и руската амбасада во Осло не одговараа на прашањата на норвешките медиуми, но во јануари 2018 година заменик-министерот за одбрана Тимур Иванов соопшти дека изградбата на четири магацини за ракетите „Булава“ е готова.

Северната флота има една подморница од класата „Бореј“, о тоа подводниот крстосувач „Јуриј Долгоруки“. Подморницата од истата класа „Принц Владимир“ моментално ги минува фабричките и државните тестови, а планирано е уште две пловила од овој тип да стасаат во Северната флота.