„Рускиот ловец од генерацијата 4++ Су-35 би имал предност во однос на американскиот ловец од петтата генерација F-22 Raptor, доколку овие два авиони би се сретнале во воздушна битка“, заклучува американскиот Интернет-портал Business Insider, а пренесува РИА Новости.
Во вторникот американските невидливи ловци F-22 извршиле следење на групата на руски борбени авиони кои го предводеа рускиот стратешки бомбардер Ту-95 „Медвед“. Во нивна непосредна ловечка близина се наоѓаа и авионите Су-35.
Според овој информативен портал американскиот ловец поседува неверојатни способности кога станува збор за маневарските способности невидливоста во сите дијапазони. Тој е исклучително опасен зашто е невидлив за противничките радари, и тоа му дава огромна предност во однос на своите противници. Но, во современата воздушна борба карактеристиките како што е на пример радарската невидливост, не игра повеќе толку важна улога.
За време на поаѓањето во операција за пресретнување како пред некој ден видовме на небото над Алјаска, ловецот кој одеше во пресретнување мораше да му се приближи на авионот или на група авиони кои имаат намера да го загрозат нивниот воздушен простор и преку техника за радиокомуникација да ги предупредат „натрапниците“ со реченица која гласи отприлика вака: „Свртете ги своите летала, или ќе бидеме должни да употребиме дополнителни мерки (поточно да ве собориме – заб. прев.)“. Додека се изговара оваа реченица еден од ловците се накривува настрана спротивна од леталото на кое му е упатено ова предупредување, со намера потенцијалниот непријател да ја види целокупната палета огнено оружје од класата воздух-воздух која може да се примени доколку противникот се оглуши на ова барање. Но во случајот со ловецот од петтата генерација F-22, тој во тој случај нема што да покаже. Имено, неговото целосно вооружување не се наоѓа на носачите под крилата и под трупот, ами во „магацин“ во самиот авион, така што тоа не може нешто претерано да го исплаши соперничкиот пилот.
Од друга страна, го имаме Су-35 кој носи многу повеќе ракети од класата воздух-воздух од својот ривал, при што сите се видливи и ваквата психолошка слика изгледа навистина застрашувачки. Секогаш постои мошне висок ризик во овие ситуации, каде обичното пресретнување на групата на противнички борбени летала може да биде вовед во поголем инцидент, односно во близок воздушен судир. Според авторот на овој текст во тој случај американскиот ловец би се нашол во мошне неповолна позиција во однос на Русинот, Маневарските способности на рускиот ловец се наоѓаат на толку високо ниво, што тие можат и во ситуација на блиска воздушна борба дури и да ги избегнат објектите како што се ракетите воздух-воздух со краток дострел.
Како заклучок на овој текст, авторот потсетува дека на страната на руската 35-ка се исклучителните маневарски способности, како и поголемата носивост на огнен товар (поголем број ракети). Ова се два основни фактори кои решавачки можат да влијаат на исходот на воздушната борба помеѓу овие два авиони. Авторот на крај сепак утешува со фактот дека американскиот ловец од петтата генерација F-22 „Raptor“ го управуваат најдобрите пилоти кои се наоѓаат во военото воздухопловство на САД и дека овој фактор мора да се земе предвид кога се одмеруваат силите помеѓу најдобрите летала што во моментов ги имаат Русија и САД.