На почетокот на септември руските конструктори го претставија новото универзално оклопно возило на инженерството (УБИМ) кое домашните медиуми веднаш го нарекоа „борбен шкорпион“ поради неговиот агресивен изглед и „боцката“ со која го пробива патот низ урнатините.
Возилото го направо „Уралвагонзавод“ (УВЗ) – монопол на рускиот пазар на тешки оклопни возила – кој исто така го направи и новиот тенк Т-14 „Армата“.
„Шкорпионот“ е спој на функции на три различни вида инженерски возила: ремонтно-спасувачко, оние за расчистување патишта пред колоните оклопна техника и на оние за чистење на минските полиња.
Притоа една од клучните карактеристики на „шкорпион“ е тоа што за разлика од своите претходни, во состојба се да „работат“, односно да чистат урнатини и мини и под непријателски оган, па дури и во радиоактивни зони, како што тврди производителот.

Уралвагонзавод
За ова возило не се пречки ниту камените, ниту дрвените барикади, благодарение на моторот од 1.130 коњски сили и големиот „нож“ со широчина од 4.5 метри на носот од возилото со кој се растураат речиси сите препреки на патот.
Опремата на носот на возилото може да се замени и со хидрауличен чекан кој може да столчи дури и монолитни бетонски блокови. А, благодарение на својата „боцка“ која е всушност багер-хидраулична рака со клешти на својот крај, може да се расчистат какви било урнатини, па дури и да се спасуваат луѓе во зоните на непогоди.
„Во борба возилото може самостојно да совладува мински полиња со експлозивни направи со магнетен принцип на активирање. УБИМ може да сече дрвја и да корне трупци кога ги поставува патеките за борбената техника низ грмушки, мали шуми и другу непристапни терени“, вели за Russia Beyond-Македонија официјален претставник на „Уралвагонзавод“.
Особено назима ова возило станува неизоставно парче техника за ослободување патеки зашто е во состојба да направи пат низ снег со длабочина од еден и пол метар.
Благодарение на зајакнатиот оклоп и на инженерската опрема, возилото има маса како вистински тенк – 55 тони. Но, креаторите велат дека ова е предност при инженерските работи.
Покрај сето останато, производителите имале на ум дека возилото ќе мора да работи под непријателски оган и да чисти мински полиња во воени зони во кои се следи секој чекор. Така дел од електронската опрема на машината и радиопредавателот кој може да функционира во режим на „маскирање“ и да даде комуникација со базата или со пунктот за поддршка на оддалеченост до 20 километри.
Виталиј В. Кузмин
За случаите на директен конфликт со противникот тука е тешкиот митралез со калибар од 12.7 милиметри. Станува збор за калибар кој е толку голем што секој негов куршум минува низ зграда како нож низ путер. Митралезот на „шкорпион“ се контролира далечински – екипажот седи во оклопната капсула на возилото, дејствува и гледа сѐ што се случува околу нив во реално време преку компјутерски екран.
Митралезот има модерни нишански уреди, вклучувајќи телевизиски и топлински канали, како и ласерски далномер. На тој начин ниту ноќта, ниту обилните дождови не можат да бидат пречка за екипажот – тој ќе го види непријателот совршено јасно во кои било услови на оддалеченост од пет километри.