Погледнете како изгледа лансирање салва на ракетата „Искандер“

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

На полигонот „Цугол“ во Забајкал е изведено лансирање на две крстосувачки ракети од оперативно-тактичкиот систем „Искандер-М“. Лансирањето е извршено како дел од главната фаза на маневрите „Восток 2018“.

Целите се критично важни одбранбени јазли на противникот и се лоцирани на далечина од неколку стотини километри.

„Уништувањето на целите е следено и снимано со помош на системот за команда и контрола како што се воздушниот комплекс Клевер, извидувачките авиони Су-24МР и беспилотните летала Орлан-10“, велат од прес-службата на руското Министерство за одбрана.

Симултано со лансирањата на „Искандер“ извршен е и масовен удар од ракетни лансери со повеќе цевки „Торнадо-1“, „Ураган“ и „Град“ по жива сила, оклопна техника и позиции на противникот.

Самоодните артилериски системи „Мста-С“, „Мста-Б“, „Хијацинт“ и „Акација“ направија континуиран огнен покривач во должина од 3.150 метри пред единиците кои напредуваа.

Севкупно, во масовниот напад беа ангажирани два „Искандер-М“ лансери, 52 ракетни лансери со повеќе цевки и 72 парчиња од хаубичка артилерија.