Видео: Како изгледаа заедничките маневри на руските авиони и бродови во Средоземното море

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Маневрите на формациите на силите на Воената морнарица и на Воздушно-космичките сили, кои за првпат во толку голем обем се одржуваат во историјата на современа Русија во Средоземното море, се прикажани на оваа видеоснимка. Во нив учествуваат како подморници и бродови, така и најсовремени руски авиони. 

Во маневрите учествуваа вкупно 24 борбени брода и две подморници. На небото полетаа авионите Ту-160, Ту-142, Ил-38, Су-33 и Су-30СМ. Главниот брод на формацијата беше ракетниот крстосувач на Северната флота „Маршал Устинов“.

Припадниците на Воената морнарица и пилотите вежбаа неколку задачи: противподморничка борба и противвоздушна одбрана, заштита на поморските комуникации, борба против пирати и давање помош на брод во неволја. Војниците исто така изведоа практични ракетни и артилериски гаѓања. Притоа користеа длабински бомби испукани од системот РБУ-6000. Благодарение на ова, успеаја да одбијат напад на подморница на симулиран непријател. 

Прецизните дејствија на бродовите на чело со „Маршал Устинов“, како и практичните гаѓања, може да се погледнат во овој видеоматеријал. Некои кадри се снимени и од авионска кабина.