На Интернет се појавија нови фотографии на рускиот ласерски комплекс „Пересвет“

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Руското супероружје снимено на шини.

Најновиот ласерски комплекс „Пересвет“ е забележан на една железничка платформа. Фотографиите на елементите на уникатниот руски борбен систем се појавија на форумот „Авиобаза“ и на Твитер.

Многумина експерти се изненадени што оваа инсталација патува наоколу низ Русија толку отворено без никаква камуфлажа.

Првите информации за создавањето на ова супероружје беа обелоденети во март годинава за време на годишното обраќање на претседателот Владимир Путин до Федералното собрание.

Со оглед на фактот што овој новитет немаше име, министерството за одбрана распиша конкурс за најдобро име за системот. Така комплексот стана познат како „Пересвет“.

Сѐ уште не постојат официјални детали за намената за која е направен моќниот ласер, но се смета дека тој може ефикасно да се бори против разни воздушни објекти, вклучувајќи и наведувачки ракети од различен тип.