Путин на вежбата „Восток-2018“: Ќа ја одбраниме нашата татковина и ќе ги поддржиме нашите сојузници!

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Претседателот на Русија В.В. Путин стаса на воениот полигон Цугол на кој ќе се одржи кулминацијата на стратешките воени вежби „Восток-2018“ на која учествуваат повеќе од четвртина милион војници од Русија, Кина и Монголија.

„Руската армија е должна да го одбрани суверенитетот и безбедноста на Русија, а ако има потреба и да ги поддржи своите сојузници“, изјави рускиот претседател Владимир Путин, а пренесува новинската агенција Известија.

„Руски војници, ние имаме обврска да ги одбраниме суверенитетот, безбедноста и националните интереси на нашата земја, на нашата татковина Русија. А, доколку биде потребно ќе ги поддржиме и нашите сојузници“, нагласи претседателот на Руската Федерација за време на смотрата на построениот ешалон на војската на воениот полигон Цугол. Тој исто така истакна дека Русија е мирољубива земја, дека нема агресивни планови, ниту дека некогаш ќе ги има.

Стратешката воена вежба „Восток-2018“ започна на 11 септември и ќе трае седум дена. Со вежбата раководи лично министерот за одбрана и генерал на армијата Сергеј Шојгу, а локацијата на нејзиното одржување е просторот на рускиот Далечен Исток и акваторијата на Тихиот океан. Во рамките на воената вежба ангажирани се сите видови и родови кои се наоѓаат во составот на руската армија. Според рускиот министер на вежбите ќе учествуваат околу 300 илјади војници и офицери, повеќе од 1.000 авиони, хеликоптери и беспилотни летала, околу 80 бродови и помошни пловни средства, 36 илјади тенкови, оклопни транспортери и други средства за различни намени.

На стратешката воена вежба „Восток-2018“ ќе биде испробано тајно електронско оружје.