Путин го означи почетокот на изградбата на првиот руски мегатанкер

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Претседателот на Русија Владимир Путин учествуваше во церемонијата на почетокот на изградбата на првиот танкер од класата „Афрамакс” во бродоградилиштето „Ѕвезда” во приморјето на Русија. Танкерот го доби името „Санкт Петербург”, пренесуваат медиумите.

Во бродоградилиштето „Ѕвезда” се нарачани десет танкери од оваа класа со носивост од 42 илјади тони. Исто така, во план е изградба на арктички танкер за нафта со носивост од 69 илјади тони и други бродови.

Освен претседателот на Русија, на церемонијата присуствуваше и директорот на компанијата „Роснефт“ Игор Сечин.

Во октомври минатата година весникот „Взгљад“ објави дека компанијата „Роснефт” нарачала 10 арктички танкери. Подоцна директорот на компанијата Игор Сечин соопшти дека „Ѕвезда“ ќе изгради за „Гаспром” уште 32 брода.