Научниците во Русија измислија мотор на вотка

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Научниците од Националниот истражувачки универзитет „Сергеј Корољов“ од Самара развија мотори за наносателити кои работат на вотка (40-процентен воден раствор на етилен), пренесуваат руските медиуми.

Во својство на работно тело на погонскиот систем научниците понудија мешавина на дестилирана вода и етил алкохол. Малата молекуларна маса на водата овозможува да се добие голема брзина на истекување на пареата и со тоа голема брзина на маневрирање. А со додавање на алкохол (око 40 отсто смеса) се спречува замрзнување на работното тело при ниски температури на земјината орбита, се наведува во прес-материјалот на оваа високообразовна установа.

Како што се истакнува, ваквите мотори можат да се постават на кој било наносателит CubeSat. Научниците од Националниот истражувачки универзитет „Сергеј Корољов“ од Самара го развија наносателитот SamSat-218 кој е испратен во орбитата во април 2016 година во состав на првото лансирање од космодромот „Восточни“. Наскоро сигналот од сателитот е изгубен, а според една од верзиите, губењето на сигналот би можело да биде поврзано со силното вртење на апаратот околу својата оска.