Русија планира да почне производство на најголемиот „летечки брод“ на светот

А-40 „Албатрос“

А-40 „Албатрос“

Global Look Press
Во Руската Федерација планираат да започнат производство на авионот-амфибија А-40 „Албатрос“. Максималната полетна маса на А-40 достигнува импозантни 90 тони и ниеден авион од тој тип не може да се спореди според овој параметар со оваа џиновска руска птица.

Во Руската Федерација планираат да обезбедат услови за производство на авионот-амфибија А-40 „Албатрос“. Оваа го изјавија за интернет порталот РИА „Новости“ претставници на „Обединетата корпорација за изградба на авиони“ - ОАК, која со своите експонати учествува на изложбената манифестација „Хидроавиосалон-2018“.

Манифестацијата се одржува од 6-9 септември во градот Геленџик во Краснодарскиот крај на југот на Русија. Се организира на територијата на аеродромот кој истовремено е и опитно-експериментална база  на ПАО „ТАНТК „Г. М. Бериев“. Организатор на овој хидроавиосалон е Министерството за индустрија и трговија на РФ, а негов главен покровител е корпорацијата ОАК.

Основни карактеристики на авионот-амфибија А-40 „Албатрос“

А-40 „Албатрос“ (Бе-42, проект „В“ според НАТО кодификацијата Mermaid) претставува најголем авион-амфибија на светот. Развиен е како замена за неговиот претходни Бе-12 чија основна намена беше борба против непријателски подморници.   

Неговиот прв лет беше изведен уште 1986 година. Првин полета од стабилна копнена површина, а потоа и од водена. Проектот за понатамошен развој на овој авион заврши со добро познатиот колапс на СССР.

Максималната полетна маса на А-40 достигнува импозантни 90 тони и ниеден авион од тој тип не може да се спореди според овој параметар со оваа џиновска руска птица. За да го добие оваа грдосија од летало забрзувањето кое е неопходно авионот да се одвои од водната површина и да полета, потребен е исклучително силен погон. Инженерите на „Албатрос“ го решија овој проблем со вградување на два основни двопроточни турбо-млазни мотори Д-30КВП (со сил 2 х 117,68 кН) и два дополнителни тнр. „бустер“ турбо-млазни мотори РД-60К кои се наоѓаат зад основните мотори.

Самиот по себе тој претставува „летечки брод“ кој е конструиран по шема на висококрилец со умерено стрелесто крило и опашеста површина во облик на буквата „Т“.

Авионот е долг 45,70 метри, а распонот на основното крило  практично е аналог на неговата должина и достигнува 42,50 метри Вкупната површина на крилата изнесува 200 м2. Висината на авионот е 11,07 метри. Што се однесува до брзинските карактеристики, „Албатрос“ е субсоничен авион чија максимална брзина е 800 км/ч (брзината на крстосување е околу 720 км/ч). Максималната висина на летање е 13000 метри, а долет и до 4100 километри со максимално оптоварување. Може да понесе и до 6500 кг различен убоен товар (главно длабински бомби и различни видови торпеда).

Екипажот се состои од 4-8 члена.

Погледнете како руски авион амфибија слетува „на стомак“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња