„Новото беспилотно летало може да носи видеоапаратура и да исполнува различни задачи, поврзано со извидување и мониторинг на територијата“, изјави претставник на корпорацијата, пренесува „Взгљад“.
Според неговите зборови, процесот на изработка на таквото беспилотно летало трае околу еден ден, а компонентите на беспилотното летало пред лансирањето се составуваат за 15-20 минути.
Беспилотното летало, дизајнирано од Конструкторското биро „Луч“ кое е дел од корпорацијата, успешно ги помина летачкоконструкторските испитувања. Дронот е способен да лета во радиус до 50 км и е опремен со мотор од домашно производство, тежи помалку од 4 кг, а опсегот на крилата изнесува 2,4 метри.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче