Трите нови автоматски пушки наскоро можат да им бидат испорачани на руските и на странските единици, со оглед на тоа дека концернот „Калашников“ ги претстави своите најнови модели кон крајот на август на воената изложба „Армија 2018“
Автоматски пушки АМ-17 и АМБ-17
Ови две автоматски пушки се конструирани за улична борба. Моделите АМ-17 и АМБ-17 се мошне слични – се разликуваат само по калибарот.
АМ-17 користи традиционален калибар 5.45х39 милиметри, додека АМБ-17 користи подзвучна муниција со калибар од 9х39 милиметри и има систем на нечујно гаѓање, така што е идеален за ноќни операции.
Новите автоматски пушки се наменети за единиците кои дејствуваат во густонаселени градски средини. Поради тоа ова оружје е исклучително лесно и компактно. Автоматската пушка АМ-17 со склоплив кундак е долг само 50 сантиметри, а без полн магацин тежок е само 2.5 килограми (за разлика од автоматот АК-74М кој е тежок речиси 4 килограми). Благодарение на овие карактеристики војниците со ова оружје лесно излегуваат од оклопните возила и лесно ракуваат со автоматот во затворен простор.
Во овие модели концернот „Калашников“ отстапи од традиционалните методи на правење руско стрелачко оружје.
Новите автоматски пушки немаат капак на сандакот како досегашното советско и руско стрелачко оружје, а сандакот е составен од два дела.
Овие делови („рисивери“) се споени со зглоб и се фиксирани во работна положба. Оружјето се „преклопува“ на два дела кога треба да се раздели и да се исчисти. Оваа нова карактеристика која веќе со години ја користат армиите на другите земји во голема мера ја намалуваат тежината и цената на автоматот, и го поедноставуваат процесот на производство.
„Горниот“ дел од сандакот, кој во моментот на пукање е под голем притисок, направен е од челик со висока отпорност, додека долниот дел, каде се наоѓа рамката, рачката, кундакот и така натаму, е направен од полимер сличен на пластика и отпорен на удари.
Горниот дел има Пикантиева шина на која можат да се монтираат сите видови најмодерни додатоци од сите познати светски производители. Ова оружје има и придушувач.
Ак-308
Премиерното претставување на оваа автоматска пушка беше очекувано со големо нетрпение, а најавено е само неколку дена пред воената изложба „Армија-2018“.
Тоа е прототип на идната автоматска пушка која ќе има калибар .308 Win. Тоа е мошне моќен калибар на НАТО кои го имаат снајперските пушки. Со други зборови, концернот „Калашников“ прави автоматска пушка за извоз која ќе може да ги соборува „лошите момчиња“ на растојание од 800 метри.
Интересно е што оваа пушка не е предвидена за руската армија (таа не користи калибар .308 Win), ами за странските армии на кои им е добро познат овој тип оружје и муниција. Пушката е наменета пред сѐ за африканскиот и за азискиот пазар на оружје каде треба да биде конкуренција на автоматските пушки произведени во земјите на НАТО.
Однадвор новиот АК-308 личи на пушките АК-12 и АК-15 кои ги користи руската армија во рамките на воената опрема од новата генерација „ратник-2“. Има пикантиева шина и од горната и од долната страна, така што на пушката може да се монтира сѐ – оптички нишани, ред-дот нишани, рачки, ламби итн.
Пушката има и нов вид рамка во која точно се гледа колку куршуми останале. Преработена е и рачката на кундакот. Кундакот се склопува отстрана.