АвтоВАЗ најави „премиера која ќе промени сѐ“

АвтоВАЗ

Најголемиот руски производител на автомобили АвтоВАЗ на своите официјални страници на социјалните мрежи објави тизер на кој се гледаат контурите на пет нови модели прекриени со церада.

Судејќи според сѐ, возилата ќе бидат презентирани кон крајот на август на Московскиот меѓународен саем на автомобили.

Тизерите со автомобили прекриени со церада ги следи пораката „Премиера која ќе промени сѐ“. Тизерите и фотографиите се објавени и на социјалната мрежа „Вконтакте“ и на „Фејсбук“.

„Во овој момент е тајна, но многу брзо ќе биде откриена“, стои во потписот на фотографијата.

Од тизерот може да се заклучи дека најновите модели ќе бидат презентирани на 29 август на Московскиот меѓународен саем на автомобили.

Според пишувањето на весникот „Росијскаја газета“, на тизерот се наоѓаат обновената Lada Granta, седан, лифтбек, хечбек, караван и кросовер.

Се очекува АвтоВАЗ да ги претстави на саемот и седанот Lada Vesta Sport, кросоверот Lada Xray Cross, како и обновените Lada 4x4 и Largus.

Кон средината на минатиот месец АвтоВАЗ откри како ќе изгледаат возилата Lada Granta.

Пред два дена се појави и фотографија од последниот седан Lada Priora кој во погонот во Толјати беше произведен на 18 јули. Автомобилот е украсен со шарени балони, а на хаубата е испишано „последниот“.

Прочитајте повеќе: АвтоВАЗ го претстави обновениот седан Lada Granta

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња