Екранска снимка
Министерството за одбрана доби пробна партија оклопни возила „Волк“, изјави генералниот директор на Воено-индустриската компанија која ги произведува овие возила Александар Красовицки.
„Министерството за одбрана неодамна повторно ја започна работата на овој проект. Во моментов првите примероци се испорачани на Центарот за научно-истражувачка работа и тестирање на автомобилската техника на Министерството за одбрана каде се вршат испитувања“, изјави Красовицки.
Како што истакна тој, пред неколку годинии беше запрена практичната работа над возилата „Волк“, но не и над нивниот развој.
Според него, Министерството за одбрана во моментов подготвува проектна задача за воената верзија на оклопното возило отпорно на мини „Медвед“ кое влегува во вооружувањето на Росгвардија.
„Кога станува збор за Министерството за одбрана засега сѐ е во фаза на проектирање на проектна задача за возилото 'Медвед' што ќе ја прави војската. Едноставно барањата на единиците на Националната гарда и на нашето Министерство за одбрана се разликуваат“, објаснува тој.
Генералниот директор на Воено-индустрискиот комплекс рече дека инженерите и конструкторите на ова претпријатие работат на 14 развојни проекти на нови оклопни возила врз база на колата „Тигр“ и оклопниот транспортер БТР-80. Како што истакна, меѓу нив има нови модификации на оклопните возила „Тигр“ и на оклопните транспортери БТР-82А, како и уникатните оклопни платформи на тркала „Бумеранг“.
За потсетување, во 2010 година на изложбата „Технологија во машиноградбата“ на јавноста ѝ беше претставено оклопното возило „Волк“ што го разработи Воено-индустриската компанија (огранок на холдингот „Руски машини“, чиј главен акционер е ОАО „ГАЗ“). Волкот е директен конкурент на италијанското оклопно возило IVECO LMV, пишуваат руските медиуми.
Како што се наведува, разработени се две верзии на „Волк“ со оклопен модул за екипажот и со отворен товарен оддел и комплетно оклопен десантен оддел. Прототипите на „Волк“ се разработени со примена на најсовремените технологии во тој момент. Возилата придонесоа за унапредување на технологијата и на конструкцијата на оклопните возила, но изискуваа доработја. Обновената верзија се појави во 2015 година.
„Медвед“ е оклопно возило со зајакната противминска заштита на тркала и со зголемен клиренс. Служи за превоз на луѓе во просторот на кој дејствуваат разни нерегуларни вооружени формации, како и за важни патници во услови на терористичка опасност, за снабдување на оддалечените упоришта и гарнизони во слични случаи.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче