Снајперската пушка „Точност” за калибар .308 Win (7,62х51 мм) и .338 Lapua Magnum (8,6х70 мм) влезе во сериско производство за специјалните единици на Росгвардија. Притоа, како што тврди РИА „Новости“, ова оружје би можело да стане и дел од арсеналот на Федералната служба за обезбедување, структурата која ги чува највисоките државници, вклучувајќи го и претседателот на Русија Владимир Путин.
Новата пушка претставува суштинска модернизација на моделот Т-5000 на руската компанија ORSIS која беше претставена уште во 2011 година.
Уште тогаш воените единици при силите на полицијата го забележаа потенцијалот на оваа пушка и во неа препознаа одлична замена за скапите странски модели. Имено, Т-5000 ја надминува пушката SSG 08 на австриската компанија Steyr-Mannlicher AG, која е купена за снајперистите на руската воена разузнавачка служба ГРУ. Меѓу предностите на руската снајперска пушка специјалците ги истакнуваат густината на огнот, ергономијата и, се разбира, цената. Значително е поевтино да се набавува оружје во својата земја отколку во странство.
Командата на воените сили при Министерството за внатрешни работи на Русија ги испрати првите пушки Т-5000 на доработка заради користење во редовната војска.
Клучната карактеристика на модернизираниот модел под називот „Точност” е, како што покажува нејзиното име, високата густина на гаѓање. „Расфрлањето” на погодоците кај новата пушка е 0,5 МОА (или, поедноставно кажано, 1,5 сантиметри на 100 метри). Освен тоа, пушката „Точност” со калибар .338 LM ефикасно гаѓа цели на растојание од 1,5 километри. Овој показател е еден од клучните при изборот на замената за странските модели за Росгвардија.
Како што се наведува во соопштението на компанијата ORSIS, масата и балансот на пушката се така пресметани што при гаѓањето повлекувањето оди исклучително наназад, а не ја „фрла цевката нагоре“. Благодарение на тоа, стрелецот може да ја контролира целта дури и за време на стрелањето.
Покрај тоа, компензаторот на повлекувањето кој е поставен на цевката е мошне ефикасен, така што нивото нивото на повлекување практично е намалува на половина, а прилагодливото чкрапало му овозможува на стрелецот да пука без промена во квалитетот на нишанењето.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче