„Русите попрво во целост ќе ја уништат својата земја, одошто да ја предадат во рацете на окупаторот“, се наведува во текстот на американскиот Интернет-портал. Според тврдењата на овој информативен сајт, секој напаѓач кој евентуално би ја нападнал оваа земја би морал да смета на бескрајни судири со руските единици во сите единаесет временски зони.
Покрај Русија, во групата држави што не можат да се освојат се и САД, НР Кина, Република Индија и Авганистан.
Реагирајќи на овој текст, воениот политиколог Игор Коротченко за Интернет-порталот „Взгљад“ изјави дека „Русија е нуклеарна суперсила и дека според овој критериум е невозможно воено да биде победена“. Тој текстот што се појави на американскиот Интернет-портал We are the Mighty го нарече сосема лаички и од професионална гледна точка смешен. Според Коротченко реална процена на одбранбените способности на некоја држава можат да дадат само професионализирани групи квалифицирани воени аналитичари кои се тесно поврзани со сите можни безбедносни ресурси на државата за која работат.
„Во случај на војна секоја страна која во своето вооружување има нуклеарно оружје сигурно ќе го употреби доколку до таа мета биде загрозена што ѝ се заканува нејзино исчезнување. Војната против вакви држави е бесмислена зашто нуклеарниот паритет гарантира уништување на практично двете страни во тој судир“, истакнува експертот.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче