Видео: Пилоти на МиГ-31 извршија ноќно дополнување на гориво на небото над Камчатка

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Екипажите на МиГ-31 на морнаричката авијација на Тихоокеанската флота извршија ноќно полнење на авионите со гориво во текот на летањето на небото над Камчатка, соопшти службата за односи со јавноста на Западниот воен округ. „Специфичноста на оваа постапка се гледа во фактот што ноќе е намалена видливоста и пилотот има ограничен поглед при остварувањето на контактот со авиоцистерната“, се наведува во соопштението.

Полнењето со гориво на авионите МиГ-31 е извршено на висина од 7 километри, при брзина од 500 км/ч. Пилотите извршија неколку полетувања и повеќе десетици контакти со авиоцистерната Ил-78. А како изгледа тоа можете да видите од снимката од април оваа година: