Американски аналитичари вброија два МиГ-а меѓу најбрзите авиони на светот

Најбрз советски авион според порталот „Бизнис инсајдер“ е МиГ-25 – суперсоничниот ловец-пресретнувач од трета генерација.

Американскиот портал „Бизнис Инсајдер“ објави листа на најбрзите авиони на светот. Некои од авионите повеќе не се во употреба, но нивната конструкција и техничките карактеристики извршиле големо влијание врз развојот на инженерската и конструкторската мисла во авијацијата, пренесува РИА „Новости“.

Порталот смета дека најбрз меѓу советските авиони е МиГ-25 (според НАТО - Foxbat) – суперсоничниот ловец-пресретнувач од трета генерација, проектиран од конструкторското биро „Микојан-Гуревич“. Неговата максимална брзина без ракети е преку 3400 километри на час, но во реална употреба може да достигне брзина од 3 илјади километри на час.

„Америка призна дека МиГ-25 е ловец со високи маневарски способности, чија зголемена подвижност во воздухот во многу нешта зависи од распонот на крилата“, истакнува порталот.

На списокот се наоѓа и МиГ-31 (Foxhound) – супресоничниот ловец-пресретнувач од четврта генерација, кој може да развие брзина до 2600 километри на час без ракети. Советскиот МиГ-31, произведен во 1981 година, останува еден од најбрзите ловци во историјата и сѐ уште се наоѓа во состав на руската и казахстанската војска. Русија планира да го користи овој авион до 2030 година.

На ранг-листата е претставен и експерименталниот ловец-пресретнувач Е-152, чии системи се најдоа во основата на МиГ-25. Авион можел да развие максимална брзина од преку 3000 километри на час.

Како најбрз авион во историјата се наведува американскиот експериментален авион-ракетоплан Х-15 со ракетни мотори. На 3 октомври 1967 година Џо Вокер со Х-15 постави неофицијален рекорд во височина (107,96 километри) и максимална брзина од 7274 километри на час.

На ранг-листи се наоѓаат и: американскиот стратешки бомбардер ХВ-70 Valkyrie (3300 километри на час), пресретнувачот Мeкдонeл-Даглас F-4 Phantom II (2369 километри на час), едномоторниот пресретнувач-едносед Convair F-106 Delta Dart (2454 километри на час), експерименталниотBell X-2 (3000 километри на час) и Lockheed ST-71 „Црн дрозд“ (3540 километри на час).

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња