1. Поморската воена парада е еден од најубавите и највпечатливи настани во Санкт Петербург – „северната престолнина“ на Русија – и другите крајбрежни градови.
Михаил Климентјев / Sputnik
2. Граѓаните на Русија заедно со странските гости на 29 јули имаа можност да ги видат големите воени бродови како „танцуваат на вода“ и да го слушнат грмежот на топовите стари два века кои истрелуваат плотуни над морињата ширум Русија.
Сергеј Малгавко / Sputnik
3. Најмногу бродови имаше на парадата во Санкт Петербург.
Виталиј Ањков / Sputnik
4. Во 10 часот наутро градот го разбуди бучавата од бродови, авиони и хеликоптери проследени со плотуни од топовите во Петропавловската крепост и илјадниците морнари кои во снежнобела униформа маршираа по должината на брегот.
Николај Хижњак / Sputnik
5. На парадата во Санкт Петербург учествуваа преку 40 бродови, 38 воени авиони и хеликоптери и 4000 војници.
Алексеј Малгавко / Sputnik
6. Насобраниот народ имаше можност да ги види најголемите и најмоќни морски „чудовишта“ на Северната флота како и новите бродови на руската Воена морнарица – фрегатата „Адмирал Горшков“, новиот десантен брод „Иван Грен“ и корветата од класата Каракурт „Ураган“.
Алексеј Малгавко / Sputnik
7. Бродовите пловеа во колона со брзина од 9 јазли (околу 17 километри на час).
Николај Хижњак / Sputnik
8. Претходните години сите бродови и подморници стоеја долж брегот, така што присутните можеа да ги видат само во состојба на мирување.
Алексеј Даничев / Sputnik
Виталиј Невар / TASS
Алексеј Малгавко / Sputnik
Алексеј Малгавко / Sputnik