Медведев го стартуваше „Комета“ на линијата Севастопол – Јалта

„Комета“ – морски патнички брод со подводни крила.

„Комета“ – морски патнички брод со подводни крила.

Прес-служба на АД „Вимпел“
Рускиот премиер Дмитриј Медведев свечено го пушти во работа брзиот морски брод со подводни крила „Комета 120М“ кој ќе превезува патници на линијата Јалта – Севастопол.

По налог на претседателот на Русија Владимир Путин концернот „Калашников“ во соработка со бродоградилиштето „Вимпел“ го реализира проектот за брз превоз на патници во Азовско-црноморскиот басен, соопшти агенцијата ТАСС.

Првиот брод беше свечено пуштен во вода на 20 октомври 2017 година, а во јули 2018 беше добиена лиценцата за превоз на патници.  Патувањето со новата „Комета“ од Севастопол до Јалта ќе трае околу два часа.

Првата пловидба со патници е планирана за 1 август (претходно беше планирана за 16 јули). Овој брод дневно ќе реализира четири пловидби. Планирано е за следната година да се направат уште две такви „Комети“.

Обновената „Комета 120М“ е направена врз база на моделите „Комета“, „Колхида“ и „Катран“, со тоа што е покомфорна од нив, помалку се лула и има клима-уреди. Во новиот брод патниците ќе можат во полна мера да уживаат во убавините на јужните брегови на Крим.

„Ова е многу добар брод, добра замена за „Кометите“ и „Ракетите“ кои беа користени во Советскиот Сојуз и сѐ уште пловат по реките и морињата. Според тоа, се надевам дека ќе биде почнато сериското производство на овој брод и дека тоа ќе биде многу удобно превозно средство за голем број наши граѓани“, нагласи Медведев.

На советувањето посветено на социјално-економскиот развој на Крим премиерот рече дека полуостровот ја поминал најтешката фаза на интегрирање во руската економија и инфраструктура и сега треба посталожено да продолжи со планскиот развој. Медведев истакна колку е важно Крим да стане регион кој динамично се развива со „потполно поинакви“ стандарди на одмор и социјални услови.

Прочитајте повеќе за враќањето на „Комета“ – легендарниот советски хидроглисер

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња