Бродот е проектиран и изграден во Централното конструкторско биро „Алексеев“, истото она од кое излезе познатиот екраноплан „Касписко чудовиште“ или „Орле“, а кое денеска работи на нови машини од различни типови и конструкции. „Валдај-45Р“ е првиот брз брод од нова генерација кој по 30 години излегува на речните рути во Русија.
Хидроглисерот веќе наредната година ќе може да се сретне на редовните линии. Ќе развива брзина до 60 к/ч и ќе превезува 45 патници на далечина до 400 км.
Веднаш по првиот брод почна изградбата на втор и е најавен почеток на работите над третиот сериски примерок на хидроглисерот од нова генерација.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче