ВИДЕО: Зошто модернизираната руска снајперска пушка ВСС „Винторез-М“ се смета за најтивка на светот

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
„Винторез-М“ претставува усовршена варијанта на снајперската пушка „Винторез“ која се наоѓа во вооружувањето уште од 1987 година. Клучната ставка која е унапредена во однос на базичниот модел е прецизноста. Имено, „Винторез-М“ дава многу потесна група погодоци за време на гаѓањето во зоната на ефективниот дострел. Модернизираната верзија на „Винторез“ е поудобна и за оној што стрела, благодарение на подобрениот кундак кој го намалува мрдањето на оружјето кое практично не се чувствува.

Сепак, најважната одлика на ова пушка е исклучително ниското ниво на „бучава“ што оружјето го прави за време на пукањето. Практиката покажа дека на оддалеченост од 100 метри мошне тешко може да се распознае тресокот од испукувањето. Во услови на интензивна размена на оган и различни звуци кои се генерираат во текот на борбата (врева поради паника кај непријателот и слично), практично е невозможно да се определи положбата од која пука снајперистот вооружен со оваа пушка. Ова му овозможува на снајперистот без да ја открие својата огнена позиција успешно да ги уништува објектите на непријателот. Во практика постои навистина голем број случаи каде благодарение токму на ова својство на пушката, е елиминиран голем број непријателски цели.

На видеоматеријалот кој се наоѓа во овој текст, добро се гледа колку оваа пушка е „тивка и нечујна“. Притоа, таа е проектирана да користи специјален куршум со калибар од 9 милиметри кој ефикасно може да уништи непријателска жива сила која е опремена со индивидуални средства за балистичка заштита (шлемови и панцирни елеци) на оддалеченост и до 400 метри.

„Винторез-М“ претставува оружје кое се користи во специјални операции кои се изведуваат од страна на различни специјалистички тимови: офанзивни, антитерористички, извидувачки и диверзантски единици. Тој не може да се спореди со снајперски пушки со голем калибар кои можат да погодат мета со величина на човек на оддалеченост од 2.000+ метри, и притоа да го пробие заклонот зад кој се наоѓа метата. Но, во чувствителни операции каде е важно прикриено приближување до метата, нејзина брза и тивка ликвидација, и потоа брзо напуштање на положбата и на местото на случување, ВСС „Винторез-М“ е практично незаменлив.

За време на тестирањето на ова оружје како мета се употребени пластични канти наполнети со вода кои од огнената позиција со снајперистот се наоѓаа на оддалеченост од околу 100 метри. Камерите јасно ги забележаа сите погодоци кои минаа низ пластичните канти, а по завршувањето на огнот можеше јасно да се забележат оштетувањата кои ги направи куршумот со калибар од 9 милиметри. „Винторез-М“ од овие канти направи сита од кои во неправилни млазови истекуваше вода. Во таа пригода камерата можеше само да го констатира фучењето на куршумот и неговиот последичен звук кој се создава со минување низ кантата, додека иницијалниот треск од пушката мошне малку или никако не успеа да го регистрира.

Благодарение на своите уникатни особености „Винторез-М“ има сериозна извозна перспектива, каде ова исклучително оружје ќе се најде во специјалните единици на непријателските земји.

¹ Пушката користи специјална муниција СП-5 и СП-6. Последниот куршум има зрно направено од волфрам кој има способност да пробие хомогена челична плоча со дебелина од 6 милиметри на оддалеченост од 100 метри.