VAR првпат беше користен на Светското првенство 2018 година кога беше досуден пенал за Франција на натпреварот против Австралија. Тоа го одлучи и резултатот на натпреварот.
Мечот во групата Ц меѓу „петлите“ и „кенгурите“ заглави на резултатот 0:0 кога судијата Андрес Куња одлучи да ја погледне снимката на страничните монитори и технологијата влијаеше да ја промени одлуката, така што тој досуди пенал за Франција.
VAR технологија беше користена и за проверка на првиот гол на Диего Коста против Португалија, како и на натпреварите Перу-Данска, Шведска-Јужна Кореја и Костарика-Србија.
VAR и понатаму ќе им биде од помош на судиите на сите 64 натпревари од Светското првенство во фудбал. Овој систем може да биде користен во четири случаи: по постигнување на гол, во врска со одлука за досудување на пенал, во врска со досудување на црвен картон и за проверка на идентитетот на играчот, на пример, доколку погрешен играч е отстранет од теренот.
Технологијата овозможува видео анализа во реално време со помош на мрежа составена од 33 камери, вклучувајќи две специфични смарт камери проектирани така што бележат кога играчот е во офсајд. ФИФА во Москва инсталираше оперативен центар за VAR технологиј, кој преку оптички кабли е поврзан со сите стадиони на кои се одржува Светското првенство.
Повеќето водечки судии го поздрави воведувањето на новата технологија. „VAR може да стане нашиот најдобар пријател. Суштинските грешки повеќе нема да бидат возможни”, изјави холандскиот судија Бјорн Кујперс. Некои, меѓутоа, се загрижени дека VAR ќе ги успие судиите.
Сергеј Хусаинов, руски судија, вели дека новата технологија е корисна, но дека би можела да влијае на падот на концентрацијата кај судиите. „Кога се одлучува за тоа да се погледне снимката? Тоа се случува кога судијата ќе задоцни да ја види ситуацијата“, вели Хусаинов.
Новата технологија дебитираше на Светското првенство откако беше тестирана во италијанската прва лига (Серија А), германската Бундеслига и ФА купот во Англија.