На воената намена на возилото укажува карактеристичната камуфлажна боја. На покривот може да се види место за поставување митралез ПКПН со калибар од 7.62 милиметри. Предвидено е и сместување до 7 кутии со реденик. Освен тоа, на јуришното возило има и поставки за три автоматски пушки, уште еден митралез и два противтенковски фрлачи на гранати.
Возилото има релативно мали димензии: долго е 3.515 милиметри, широко е 2.230 милиметри, а високо 1.460 милиметри. Масата со опрема изнесува само 700 килограми, додека тежината на товарот што може да го превезува е 350 килограми.
Моторот има 98 коњски сили. Според некои податоци, максималната брзина изнесува 12 километри на час. Има механички менувач. Големината на резервоарот изнесува 30 литри.
Возилото е претставено кон крајот на мај годинава во подмосковниот град Балашиха на вториот научно-технички форум „Ден на напредните технологии на безбедносните сили-2018“.