Четири главни сензации на Макс-2017

Марина Лисцева / ТАСС
Потенцијалните ѕвезди ќе застанат на чело на Меѓународниот воздухопловен салон Макс-2017, кој се одржува од 18 до 23 јули во подмосковскиот градот Жуковски.

Миг-35

Владимир Астапкович / РИА Новости Владимир Астапкович / РИА Новости

Број еден на листата за потенцијални ѕвезди на шоуто е најновиот руски Миг-35. Овој борбен од генерација 4 ++ ќе го замени Миг-29 не само во Русија, туку и во целиот свет.

Оваа година посетителите и експертите од целиот свет ќе можат да ја видат оваа „птица“ во изложбениот центар на компанијата, како и да бидат сведоци на потенцијалот на машината на небото.

Во меѓувреме, авионот, кој ќе го оглуши небото, ќе биде модифицираниот Миг-35С, кој достигнува брзина до 2.700 километри на час, што е за 300 километри повеќе од оригиналот, и е опремен со нови мотори, кои им овозможуваат на пилотите да вршат фигури од најголема сложеност на небото. Бројните технички решенија помагаат и за намалување на неговата забележливост кај непријателскиот радар.

Исто така системите на ловци се модифицирани и ги користат најновите руски ракети „воздух-воздух“ и „воздух-земја“. Сите овие детали го прават Миг-35 еден од најдобрите борбени авиони во светот, вели пробниот пилот на „МиГ“ Михаил Бељаев, додавајќи дека авионот ќе се приклучи на руските Воздушно-комсички сили по неколку години.

Ми-171Ш-ВН

Ми-171Ш-ВН / Вертолеты РоссииМи-171Ш-ВН / Вертолеты России

Уште една од новите машини на шоуто ќе биде хеликоптерот на руските специјалци Ми-171Ш-ВН.

Овој хеликоптер од серијата Ми-171 е модифициран, откако учествуваше во битки против терористите од „Исламска држава“ (ИД) во Сирија, и оваа нова верзија е адаптирана да функционира подобро во сувата блискоисточна клима.

Целосниот збир на технички карактеристики ќе биде откриен на МКС, но до овој момент се знае дека може да пренесува 13.5 тони товар и да достигнува брзина од 280 километри на час.

Долниот дел на хеликоптерот е покриен со оклоп од кевлар за подобра заштита против непријателските куршуми. Освен тоа е опремен со модерно радио-електронско оружје кое лесно ги неутрализира непријателски проектили.

ПАК ФА

Виталиј Кузмин  (CC BY-SA)Виталиј Кузмин (CC BY-SA)

Овој борбен авион го прави своето деби на Макс-2011 и низ сите овие години лета со мотори на Су-34, генерација 4 ++. Оваа година, како што рече воениот аналитичар на „Известија“ Алексеј Рам, тој ќе полета со нов мотор од петтата генерација „Изделие-30“ и најверојатно премиерата ќе биде во текот на Макс-2017.

Новините ќе му помогнат на ПАК ФА да одржува максимална брзина за време на суперсонични летови и ќе достигнува брзина од околу 2 илјади километри на час, во зависност од теренот.

Су-34

Вадим Савицки / Global Look PressВадим Савицки / Global Look Press

Овој нов мултифункционален авион може со леснотија да изведува воздушни маневри и да нанесува удари врз добро заштитени цели со исклучително прецизно оружје, кое беше демонстрирано во борбите во Сирија. За време на авиошоуто руските ВКС за прв пат ќе покажат воздушна битка меѓу два Су-34 на ниски височини.

„Су-34 е необичен авион. Надворешно тој многу личи на борбен авион со неговите повлечени форми и управувањето со клунот. Во реалност, пак, е вистински тешкоатлет, способен да крене одеднаш 8 тони прецизни бомби или крстосувачки проектили“, изјави за „Руска реч на македонски“ воениот аналитичар на весникот „Известија“ Алексеј Рам.

Во исто време машината може без полнење да прелета 7.000 километри. и буквално да излезе „лице в лице“ со целта и да уништи сè на својот пат.

Во руските Воздушно-космички сили (ВКС) Су-34 ќе дојде за да замени истовремено два вида бомбардери: фронтовските Су-24 и стратегискиот суперсоничен Ту-22М3.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња