Се планира ли унапредување на Су-35С на стандардот „Супер-Фланкер“?

Слободан Ѓукиќ
Според сè, руските конструктори имаат готов проект за подигање на триесет и петката на повисоко техничко-технолошко ниво. Најновата варијанта на оваа високоманеврабилна машина, која мнозинството домашни и странски воздухопловни стручњаци ја сметаа можеби за најдобриот борбен авион кој е некогаш направен, во голема мера би добила одлики на ловец од петтата генерација.

Благодарение на значајниот просперитет на планот на усвојување на новите технологии, особено кога станува збор за електронските системи и за погонскиот агрегат, руските конструктори работат на проект за модернизација на ловечкиот авион Су-35С, кој според атрибутите „невидливост/стелтност“ ќе спаѓа во категоријата која е приближна за борбените авиони од петтата генерација. На Меѓународниот воен салон во Абу Даби, генералниот директор на „Ростех“ Сергеј Чемезов истакна дека постојат планови со странските воени партнери да се потпише протокол кој ќе отвори можност за понатамошна модернизација на Су-35, практично до ниво на петтата генерација. Конкретно, целата зделка би била склучена со Индија, која целиот проект би го финансирала со најмалку 100 купени Су-35-(Х), а кои би биле модернизирани според најновиот стандард.

Според вкупните трошоци, трансформацијата на Су-35 до авион од петтата генерација би била посиплатлива одошто експортната модификација на рускиот ловец од петтата генерација Су-57, која за Индија специјално би се произведувала во варијанта FGFA. Би станувало збор за авион кој мошне лесно би можел да го збрише секој облик на конкуренција која се нуди на меѓународниот пазар за вооружување.

Руските конструктори, судејќи според сè, веќе имаат готов проект за подигање на триесет и петката на повисоко техничко-технолошко ниво. Најновата варијанта на оваа високоманеврабилна машина, која мнозинството домашни и странски воздухопловни стручњаци ја сметаа можеби за најдобриот борбен авион кој е некогаш направен, во голема мера би добила одлики на суперловец. Пред сè би се работело на планот на развој на неговата „минимална видливост“ која би била на нивото на авионите од петтата генерација. Основната цел на „евентуалната модификација“ е добивање „стелтно“ А борбено летало кое во тој аспект во голема мера би се разликувало од моменталната верзија на Су-35С.

Покрај руската воена индустрија, и Американците работат на проект за модернизација на авион од четвртата генерација со цел негово приближување на авионите од петтата генерација. Како што е случајот со Русите, тие се обидуваат да најдат адекватен авион за извоз зашто не сакаат со другите да го делат својот најдобар производ кој е претставен со ловецот F-22 „Raptor“. Така, американската компанија „Боинг“ направи проект за модернизација на F-15E во варијанта F-15SE „Silent Eagle“. Оваа варијанта на авион се одликува со намалена површина на радарски пресек која е во голема мера постигната со специјални типови покривка кои радарските бранови ја конвертираат во топлинска енергија. За овој авион голем интерес покажа военото воздухопловство на Саудиска Арабија која сака својата флота F-15 да ја модернизира според SE-стандардот (околу 150 авиони).

Во секој случај, евентуалната модернизација на авионите Су-35 кои ќе имаат карактеристика на невидливост приближни на авионите од петтата генерација, е насочена на извоз. За ваков тип авиони заинтересирани се речиси сите арапски земји, а исто така и Индија. Особено се има предвид фактот што на овој авион му дава предност во однос на својот американски конкурент. Во пакет со овој авион најверојатно ќе се најдат и извозните модели на ракети со голем дострел од класата воздух-воздух Р-37 и К-77-М која се развива за Су-57, што во голема мера ќе го анулира недостатокот на FGFA.

Не треба да се заборави и тоа дека руските воздушно-космички сили на основа на овој проект, речиси извесно е дека имаат модернизирани и свои стотина Су-35С кои до 2020 година ќе се најдат во оперативно борбено дежурство на руската армија.

Прочитајте уште: „Национален Интерес“ ги оценува шансите на F-22 во воздушна битка со рускиот Су-57

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња