Рогозин: Ми-17 и Ка-226Т ќе се произведуваат во Индија

Вицепремиерот на Русија напомна дека Индија претходно објавија тендер за хеликоптери, на кој главен конкурент на руската техника бил хеликоптерот „Еврокоптер“.

Индија склучи договор со Русија за производство на хеликоптерите Ми-17 и Ка-226Т од семејството „Камов“ на својата територија. Планирано е да се произведуваат по 400 парчиња годишно, изјави за новинарите во четвртокот вицепремиерот на Русија Дмитриј Рогозин.

Договорот за производство на хеликоптери беше склучен за време на преговорите во четвртокот меѓу претседателот на Русија Владимир Путин и премиерот на Индија Нарендри Моди.

„Постојат два договора. Еден е за Ми-17, за кој индиската страна има голема потреба, а вториот за Ка-226Т. Се работи за голем договор за склопување на хеликоптерите на територијата на Индија“, изјави Рогозин. Планирано е производство на речиси 400 хеликоптери годишно.

Вицепремиерот додаде дека начално кога Индија објави тендер за производство на хеликоптерска техника, главен конкурент на руските машини беше хеликоптерот „Еврокоптер“. Сепак, како што забележа тој, поради уникатните карактеристики на Ка-226 и посебните барања на Индија, тендерот беше откажан во корист на руските хеликоптери, за кои беше договорено нивно производство на територијата на Индија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња