Рускиот „Витез“ меѓу најдобрите пет автомати на светот

ПП-19-01 „Витязь“

ПП-19-01 „Витязь“

Виталиј В. Кузмин
Американското списание „Нешионал интерест“ објави список на пет најсмртоносни автомати.

Ова оружје се појави во Првата светска војна, а наменето е за брзо „чистење“ на непријателските ровови и бункери. Подоцна го добија падобранците, екипажите на борбените возила и партизаните, се вели на порталот rg.ru.

Денес автоматските пушки се користат почесто, но и автоматите се сè уште актуелни, особено во специјалните единици. Еве ги петте најдобри автомати од списокот на „Нешионал интерест“.

FN-P90

Ова е белгиски автомат со необичен дизајн. Неговата цевка е долга 256.5 милиметри, а целиот автомат има должина од 500 милиметри. Во рамката има 50 куршуми, брзината на гаѓање е 900 куршуми во минута, а калибарот 5.7х28 милиметри.

Mk 18 Mod 0 (M4 CQBR)

Авторот на статијата истакнува дека карабинот Mk 18 Mod 0 не е класичен автомат зашто користи муниција со калибар од 5.56х45 милиметри, а цевката е долга 262 милиметри, така што ова оружје е мошне компактно. Американците го имаат направено како замена за Heckler & Koch MP5 што го користат припадниците на елитните единици на американските маринци SEAL.

Кога на овој автомат се монтира Пикатиниева шина се добива високоефикасно оружје за улична борба на мали растојанија или за борба на бродови.

Heckler & Koch MP7

Heckler & Koch MP7

Германскиот модел MP7 изгледа како огромен пиштол, но во себе крие врвна автоматика. Рамката за муниција се наоѓа во дршката. Долг е 638 милиметри со испружен кундак и 415 милиметри со склопен. За овој автомат е направен посебен куршум со калибар од 4.6х30 милиметри кој е максимално ефикасен на оддалеченост од 200 метри, каде може да пробие и панцир. Рамката може да има 20, 30 или 40 куршуми.

Heckler & Koch MP5

Heckler & Koch MP5

Германскиот модел MP5 долго се сметаше за идеален автомат. Него и понатаму го користат полицијата и армијата во многу земји во светот. MP5 најчесто има рамка од 30 куршуми. Во зависност од модификацијата, овој автомат може да биде долг од 680 до 700 милиметри.

Оружјето стана популарно во 1980 година кога припадниците на британските специјални единици го користеа за време на ослободувањето на заложниците од иранската амбасада во Лондон.

ПП-19-01 „Витјаз“ (ПП-19-01 „Витязь“)

Советската и руската армија со години го користеа АКС-74У, скратена модификација на автоматската пушка АК-74. Во текот на минатата деценија Русија го направи автоматот ПП-19-01 „Витјаз“.

„Витјаз“ (на македонски „витез“) (како и АКС-74У и германскиот MP5) е скратена варијанта на автомат кој користи куршум 9х19 милиметри Парабелум. Со испружен кундак е долг само 705 милиметри. Без муниција овој автомат е тежок 2.9 килограми. Брзината на гаѓање е 800 куршуми во минута, а има дострел со нишанење од 200 метри. На „Витјаз“ е монтирана Пикатиниева пина што овозможува на оружјето да се додаваат различни нишански уреди.

Прочитајте уште: ТТ-30 и Макаров ПМ: Најдобри советски пиштоли

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња