Сега може и да полета: Усовршениот руски тенк Т-90

Наука и технологија
ИГОР РОЗИН
Грдотии тешки 50 тони можат да полетаат од насип висок два метри и без проблем да одат со максимална брзина по тешко прооден терен надвор од патиштата.

Во април концернот „Уралвагонзавод“ (руски гигант кој произведува тешки тенкови) ѝ ги испорача на армијата првите до крај модернизирани примероци на модернизираниот тенк Т-90М.

Нов мотор

Конструкторите на руската корпорација започнаа со модификација на моторот.

Сега моторот има над 1.000 коњски сили и автоматски менувач. Благодарение на ова тенкот тежок 50 тони може да оди по тешко прооден терен надвор од патиштата со брзина од 60 километри на час. Побрзи од него се само „млазниот“ Т-80 со „авионски“ мотор и најновата „Армата“.

„На изложбите на вооружување нашите момци сакаат да го прикажат следниов трик: да се залетаат со полна брзина на возвишување или на скокалница така што тенкот ќе полета и ќе удри со сета своја тежина на земјата, а потоа ќе продолжи да оди со максимална брзина како ништо да не се случило, како 50 тони железо пред само една секунда да не се треснало од патот“, вели за Russia Beyond-Македонија извор од рускиот военоиндустриски сектор.

Според него, ова сведочи за силата на новиот мотор, и што е најважно, за сигурноста на целата конструкција и за издржливоста на модернизираната машина.

„Овој тенк може да помине насекаде и да остане цел во сите услови – на север, во Сахара или во мочуриштата. За него тоа не е ништо“, вели тој.

Навигатор и клима-уред

Ако членовите на екипажот имаат среќа да се најдат во некое незгодно мочуриште, во пустина или во бескрајни снежни бури, новиот компјутер со сателитски систем на навигација и клима-уредот ќе им овозможат да преживеат во тие услови и да не се сварат во купот метал.

Како што се истакнува во соопштението на концернот „Уралвагонзавод“, термоелектричниот клима-уред работи на високи и на ниски температури, и отпорен е на моќни удари и на механички оптоварувања. Тенкот Т-90М е снабден со дополнителен дизел-агрегат кој непрекинато го снабдува тенкот со струја во состојба на мирување, така што клима-уредот не троши струја од акумулаторот.

„Клима-уредот на овој тенк се состои од неколку блокови за ладење. Тие можат да се вклучуваат и да се исклучуваат независно еден од друг, имаат фина регулација на брзината и правец на уфрлање на ладен воздух“, се наведува во соопштението.

Нов оклоп и ново оружје

Целиот оклоп на модернизираниот тенк е „начичкан“ со блокови за динамичка заштита кои можат да ги неутрализираат најновите типови противтенковски ракети.

Еве како функционира:

„Во текот на експлоатацијата овие тенкови во армијата ќе стане јасно колку вкупно примероци Т-90 ќе бидат модернизирани на овој начин. Мислам дека Министерството за одбрана во текот на оваа година ќе донесе конечна одлука во врска со ова прашање“, смета воениот аналитичар на агенцијата ТАСС Виктор Литовкин.

Прочитајте уште: Тенк на млазен погон: Модернизација на рускиот тенк Т-80