15 модели автобуси со кои Русија може да се гордее

Наука и технологија
БОРИС ЕГОРОВ
Еден од најдолгите автобуси во светот, првиот нископоден автобус и други иновативни проекти кои се заслуга на советските и на руските дизајнери и инженери.

1. АМО-Ф-15

Првиот советски автобус направен во 1926 година во Московската фабрика за автомобили кои денес го носат називот ЗИЛ, е АМО-Ф-15. Конструкцијата и дизајнот на автобусот се засновани на советскиот камион со истиот назив.

2. ЗИС-16

ЗИС-16с се појавил во 1938 година и не служел само за превоз на патници. За време на Втора светска војна овие автобуси биле доста користени како возила за итна помош, мобилни штабови и како возила за емитување радиосигнал по пат на разглас. За жал, поголемиот број од овие автобуси се уништени зашто биле во близина на линијата на фронтот.

3. ЗИС-127

Конструиран во 1955 година ЗИС-127 бил првиот советски меѓуградски автобус. Неколку години подоцна Советскиот Сојуз се откажал од идејата за правење сопствени меѓуградски автобуси и решил да набави унгарски автобуси „Икарус“. Производството на моделот ЗИС-127 е стопирано во 1960 година,

4. ЗИС-155

Производството на ЗИС-155 не изискувало многу (започнато е во 1956 година). Тоа бил еден од првите советски автобуси кои биле правени за извоз во Полска, Источна Германија, Кина, Монголија и Авганистан.

5. ЛАЗ-695

ЛАЗ-695 е направен во Лавовската фабрика за автобуси. Се појавил во 1956 година. Користен е над 50 години и доживеал десетина модернизации. Производството е стопирано во 2008 година.

6. ПАЗ-672

И покрај својата длабока старост (производството е започнато во 1957 година), ПАЗ-672 сè уште може да се види во многу зафрлени руски градови каде се користат за локален транспорт и како превозно средство за погребни услуги.

7. ЛАЗ-Украина-67

Овој автобус во технолошка смисла претставувал огромен напредок. Стручњаците високо ги оцениле дизајнот и техничките карактеристики на овој автобус. „Украина-67“ има добиено неколку награди на 18 меѓународна недела на автобуси во Ница (Франција), меѓу другото и Наградата на претседателот на Франција.

8. ЛиАЗ-677

Овој автобус се појавил на градските улици во 1967 година и добил неофицијален назив „автобус-трудбеник“. Во Советскиот Сојуз немало град каде овој автобус не бил користен.

9. ЛАЗ-360

ЛАЗ-360 се појавил во 1970 година. Тоа бил првиот автобус на светот со низок под. Подот е висок 360 милиметри.

10. ПАЗ-3205

Гордоста на Павловската фабрика за автобуси (ПАЗ) од 1989 година. ПАЗ-3205 се продавал дури и на западниот пазар и може да се види на патиштата на САД, Франција, Италија, Мексико и Канада.

11. ЛиАЗ-6212

По распадот на Советскиот Сојуз, руската автомобилска индустрија доживеа длабока криза, но некои проекти сепак опстанаа. Производството на МиАЗ-6212 започна во 2002 година, и тоа беше продолжување на проектот од деведесеттите години од минатиот век. Автобусот се користи и во Романија, Србија и на Куба.

12. Волжанин-6270

„Волжанин-6270“ се појави во 2001 година и е еден од најдолгите еднокатни автобуси на светот.

13. Ситиритм ЕЛФ12

Новиот електричен автобус го проектираше фабриката „Волгабус“. Потребни се само 6 часа за акумулаторот да се наполни до крај. Овој автобус може цел дена да вози низ градските улици и да помине 257 километри пред да се врати во базата на ноќно полнење на акумулаторот.

14. ЛиАЗ-529115

ЛиАЗ-529115 е познат под називот „Круиз“ и е предвиден за меѓународен сообраќај во суровите климатски услови на Русија. Има зајакната термоизолација и дополнително загревање на покривот, на подот и на страните.

15. „КамАЗ Шатл“

Легендарната фабрика за камиони „Камаз“ не е традиционален лидер во производството на автобуси. Сепак, таа во 2016 година го претстави новиот електробус без возач. Корпорацијата Јандекс соработува со компанијата „Камаз“, вградувајќи во овој автобус систем за вештачка интелигенција.